Избувна пожар и на островот Тасос

Грчките противпожарни служби со 11 возија, 5авиони и хеликоптер од утрово се борат со нов пожар на грчкиот остров Тасос.

Според информациите пламените јазици зафатиле земјоделско – шумско подрачје во регионот на Агиос Георгио.

Во гасењето на пожарот на терен се 38 пожарникари и две групи планинари.