Илон Маск го реактивираше „Х“ профилот на Кање Вест

Социјалната платформа Х во саботата го реактивираше профилот на Је, уметникот порано познат како Канје Вест, откако беше суспендиран пред речиси осум месеци бидејќи раперот ги прекрши правилата против поттикнување насилство.

На сметката на Ye сега е прикажана неговата последна објава од 1 декември, ден пред да биде суспендиран неговиот профил на платформата X, порано Twitter.

Је нема да може да заработува од својот профил и нема да се појавуваат реклами до неговите објави, како што пренесе „Волстрит журнал“. Кога неговиот профил еднаш беше исклучен поради антисемитски пројави, па повторно вратен, за помалку од две недели музичарот ги пофали Адолф Хитлер и нацистите, проследено со сликата со свастика.

Таа втора објава доведе до суспензија издадена од самиот Илон Маск, но сега е укината. Раперот наводно ветил дека нема да ја користи платформата за ширење антисемитизам и други облици на говор на омраза.