Тимот од „Паркот на принцовите“ се лути што францускиот репрезентативец ја одбил понудата на Ал Хилал за отштета од 300 милиони евра, на која клубот од Париз веќе се согласил. Англичаните, наводно, се подготвени да му понуди на ПСЖ солидна сума за едногодишна позајмица на Мбапе, што подоцна на фудбалерот ќе му го овозможи посакуваниот трансфер во Реал Мадрид.
Напаѓачот изминатиот период често беше фален од менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, кој беше инволвиран во евентуален трансфер на овој фудбалер на „Енфилд“ уште во времето кога го напушташе Монако, а пред да потпише за ПСЖ.