Руските сили синоќа одбија напади на 25 украински беспилотни летала на Крим, соопшти Министерството за одбрана во Москва, наведувајќи дека нема жртви. Противвоздушната одбрана уништи 16 украински беспилотни летала, се наведува во соопштението на министерството.
Останатите девет украински беспилотни летала, се неутрализирани со електронски уреди и паднале во Црното Море.
Украински беспилотни летала го нападнаа Москва Сити, финансиската и деловна област на руската престолнина, каде што се наоѓаат некои од највисоките облакодери во Европа, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин во неделата во раните утрински часови.
„Фасадите на две канцелариски кули претрпеа помали оштетувања. Нема жртви или повредени“, напиша Собјанин во кратка објава на својот канал Телеграм.