Tешка сообраќајна несреќа се случи вчера во Србија, кога возач на автомобил изгорел во автомобилот по судир со камион.
Несреќата се случила на патот Суботица – Бајмок, на излезот за Таванкут, пишува РТС, а од силината на ударот се запалиле и двете возила.
Возачот на камионот со полесни повреди е пренесен во болница.