![Second day of the 'Russia–Africa' Economic and Humanitarian Forum summit](https://akcent.mk/wp-content/uploads/2023/07/putin-afrika-696x464.jpg)
Русија потпиша договори за воена соработка со повеќе од 40 африкански земји, објави вчера во Санкт Петербург рускиот претседател Владимир Путин.
„Со цел да ја зајакнеме одбранбената способност на земјите од континентот, развиваме партнерство во воената и воено-техничката сфера“, рече Путин за време на последниот ден од вториот руско-африкански самит.
Русија, како што кажа Путин, ги потпишала договорите за воено-техничка соработка со повеќе од 40 африкански земји, на кои им доставува широк спектар на оружје и опрема.
Првиот човек на Русија рече дека африканските земји добиваат оружје и технологии, некои бесплатно „со цел да се зајакне безбедноста и суверенитетот на земјите“.
Притоа претставниците на африканските земји Путин ги повика активно да учествуваат на безбедносните форуми коишто ги организира Русија, а кои се однесуваат на техничките аспекти на вооружувањето, но и на воени маневри за подобро да се запознаат со опремата и нејзиното употребување.
Претходно во петокот Путин затворајќи го руско-африканскиот состанок на врвот истакна дека во Санкт Птербург била „потврдена определеноста на сите наши држави за формирање праведен и демократски мултиполарен светки поредок…“, додека заедничката декларација ја содржи и формулацијата за „заедничката решителност во борбата против неоколонијализмот“ и „незаконските санкции“ коишто ги воведуваат западните земји.