Центарот на Денвер нагетс би можел да стане првиот кошаркар во историјата на НБА кој заработил преку 400 милиони долари од „супермакс“ договор.
– Никола Јокиќ без сомнение е најдобриот кошаркар во светот во моментов. Тој потпиша продолжување на договорот во вредност од 274 милиони долари пред почетокот на минатата сезона. Сепак, благодарение на неговата играчка опција, во летото 2026 година би можел да го потпише првиот договор од 400 милиони долари како продолжување на актуелниот договор, доколку е за пет години. Тие пари Јокиќ би ги добил без разлика дали повторно ќе ја освои титулата или пак ќе стане МВП, бидејќи зад себе ќе има десетгодишна кариера. Толку ќе може да добие без разлика на стилот на игра и возраста – објави Хелин.
Според новинарот, супер-максимален договор во 2026 година тежок повеќе од 400 милиони долари, освен Јокиќ може да добијат и Џа Морант, Зајон Вилијамсон и Шеј-Гилџес Александер.