По спроведената истрага, хрватската полиција потврди дека во Чиово имало голем пожар во кој изгореле над 450 хектари шума.
Полицијата уапси двајца работници од Албанија под сомнение дека го подметнале пожарот. По истрагата, еден од работниците е ослободен.
Полицијата во хрватскиот приморски град Трогир уапсила и со кривична пријава предаде на полициски надзор албански државјанин осомничен дека на 27-ми јули годинава го предизвикал пожарот на Чиово, во кој изгореа над 500 хектари ниска вегетација и борова шума, извести во петокот сплитско-далматинската полициска управа.
Во четвртокот попладнето, додека вршел градежни работи на покрив, државјанинот на Албанија брусел железо без пропишаната противпожарна заштита, при што настанале искри и предизвикале пожар, се вели во соопштението.
Со ваквото однесување, како што образложи полицијата, осомничениот ги исполнил карактеристиките на кривичното дело загрозување на животи на луѓе и имот со општо опасно дело или средства.
Заедно со државјанинот на Албанија, полицијата во четвртокот донела уште едно лице во службените простории, но во петокот попладнето било пуштено на слобода бидејќи во овој случај не биле констатирани елементи на кривично дело.