Во Сингапур беше обесена Саридеви Џамани, првата жена погубена во таа земја по речиси 20 години, а овој потег на властите предизвика бес кај групите за човекови права.
45-годишнaта жена која во 2018 година беше осуден на смрт за трговија со околу 30 грама хероин, беше егзекутирана рано утринава, соопшти Централното биро за наркотици.
Се верува дека таа е првата жена погубена во Сингапур откако 36-годишната фризерка Јен Меј Воен беше обесена поради трговија со дрога во 2004 година, според локалната група за заштита на правата Transformative Justice Collective.
Џамани постојано нагласувала дека таа не можела добро да се искаже за време на нејзиното судење, бидејќи во тој период страдала од тешко одвикнување од дрога. Сепак, овие изјави биле отфрлени од судот, од каде заклучиле дека „Џамани страла од лесно одвикнување од метамфетамин за време на нејзиното сведочење, а тоа не влијаело врз нејзината способност за изразување“.
Глобалната комисија за наркотични политики, Интернационалната федерација за човекови права и Амнести Интернешнл ги убедувале сингапурските власти да ја запрат егзекуцијата.
Џамани е втората личност која е егзекутирана оваа недела, и петнаесетта откако властите ги продолжија егзекуциите во март 2022. Казната со смрт беше сопрена во рок од две години поради пандемијата.
Киара Сангригорио, од Амнести Интернешнл изјавила дека оваа недела е трагична и дава фокус кон недостатокот од правни реформи во Сингапур.
Сингапурските власти продолжуваат со смртните казни како, според нив, ефективен начин да се превенира криминалот поврзан со дрогата. И јавноста во државата се сложува дека ваквите политики ја прават државата побезбедна, а граѓаните се сложуваат и дека правните процеси се фер.