Приватен хеликоптер удри во пистата и се преврти при слетување

Пет лица се полесно повредени во хеликоптерската несреќа на грчкиот остров Самос кога приватен хеликоптер при слетувањето удрил во пистата и се превртел.

Хеликоптерот доаѓал од Парос и летал за Турција, а на Самос слетал за да наполни гориво.

Според ЕРТ, пилотот и патниците во хеликоптерот се полесно повредени.