Спречен е напад на Москва, соборен е украински дрон

Украина утрово изврши напад со беспилотно летало, кој не предизвика штети или жртви, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, без да ја прецизира точната локација на нападот.

„Во текот на ноќта беше извршен обид за напад на непријателски дрон. Дронот е соборен од силите на Министерството за одбрана“, напиша Собјанин на Телеграм и додаде дека нема жртви и не е причинета материјална штета.

Руската престолнина и нејзиниот регион, лоцирани на повеќе од 500 километри од украинската граница, веќе беа цел на напади со беспилотни летала, вклучително и оној што го погоди Кремљ во мај.

Во понеделникот Киев ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало во текот на ноќта што ја погоди Москва. Според руската војска, два украински авиони биле неутрализирани и соборени без жртви. Еден од авионите се урна на Комсомолски проспект, во близина на руското Министерство за одбрана.