Бугарија со протестна нота поради избодениот навивач на Левски!

Првите инциденти пред натпреварот биле забележани во населбата Чаир, каде биле нападнати бугарски навивачи кои поминувале со кола.

Бугарските медиуми тврдат дека освен што ги удирале по колите, дел од навивачите ги извадиле од возилата, а еден бил прободен со нож.

Се работи за 29 годишен навивач на Левски кој бил тешко повреден, но според информациите на МВР од болница, тој се наоѓа во стабилна состојба.

Инциденти имало и на стадион каде се создале турканици со полицијата која уапсила вкупно 21 навивач од кои 19 на Левски и двајца на Шкупи.

Без да го споменат нападот врз македонската полиција, како и фактот што десетина навивачи на Левски се приведени поради атак врз службени лица пред мечот на овој тим против Шкупи на „Тодор Проески“ во меч од Конференциската лига, бугарските медиуми пишуваат исклучиво за фактот што еден од гостинските фанови завршил во болница откако бил избоден со нож.

Амбасадорот на Бугарија во Скопје веднаш стапил во конктакт со македонските власти и испратил протест за нападот врз навивачите на Левски, особено за бодењето со ноќ, барајќи гаранција за сигурноста на бугарските фановите се до нивното заминување дома. Нормално, тој воопшто не го споменал нападот и конфликтот кој тие го имале со македонската полиција.