Овен
Потребна ви е помош од некој близок за да се справите со некои проблеми што ве измачуваат подолго време. Спонтани сте и добро расположени, но најдете време и за себеси.
Можно е да добиете некоја понуда за партнерство што ќе ви донесе повеќе финансиски добивки.
Одлучни сте да ги подобрите односите со партнерот и знаете дека е време за сериозни разговори. Слободните стануваат помалку пребирливи во однос на изборот на партнер.
Бик
Внимавајте на исхраната и не се прејадувајте. Полни сте со енергија и сакате да ги завршите сите неодложни обврски, но нема потреба да ги критикувате оние што не можат да го следат вашето темпо.
Покомуникативни сте од вообичаено и ќе имате можност да остварите нови контакти, но и да го подобрите односот со колегите и соработниците.
На љубовен план пред вас се тешки одлуки. Пред да дадете конечен одговор обидете се прво да се справите со сопствените сомнежи и стравови.
Близнаци
Имате милион обврски, но сфатете дека не можете сѐ да завршите одеднаш. Најдете време за да се дружите со блиските и со пријателите и тоа ќе ви помогне да се справите со сопствените мрачни мисли.
Сметате дека работите се во најдобар ред на финансиски план, но можно е да треба да се справите со некој проблем што сте го заборавиле.
Размислете добро пред да донесете одлуки на љубовен план. Тоа што ќе постигнете компромис не значи дека сте слаби, туку напротив може да ви помогне да станете посамоуверени и да го подобрите односот со партнерот.
Рак
Ќе сфатите дека сте биле во право што не сте им верувале на гласините и што ги проверувате сите информации пред да донесете конечна одлука. Слушајте внимателно што се зборува на работното место. Можно е да постигнете напредок благодарение на тоа што сте фокусирани и внимателни.
Бидете пореални со финансиските планови, често знаете да си поставите премногу високи критериуми што не можете да ги исполните.
Време е да заборавите ан лошите навики на љубовен план и да свртите нова страница. Не се двоумете да преземете ризици и дозволете да ве води срцето.
Лав
Не дозволувајте туѓото мислење да не влијае врз начинот на којшто го живеете животот и сконцентрирајте се на работите што мора да ги направите.
Мора да донесете итни одлуки доколку сакате да ги реализирате сопствените планови поврзани со финансиите.
Често знаете да фантазирате и да го идеализирате партнерот, а конечно ќе бидете во можност да ги надминете сопствените стравови и сомнежи. Слободните ќе имаат некоја незаборавна авантура.
Девица
Знаете како да им дадете до знаење на другите луѓе до каде ви се границите. Не се преоптоварувајте со нови проекти на работното место, кога знаете дека имате уште многу работа врз оние што ги започнавте неодамна.
Попрактични сте со финансиите и гледате дека постои можност да ги реализирате своите долгорочни цели.
Време е за сериозни разговори со партнерот за тоа во која насока треба да оди вашата врска. Слободните може да си ги исполнат соништата само ако успеат да ги надминат сопствените стравови.
Вага
Скромноста и едноставноста се ваши особини кои ги имате, а кои ќе бидат пресудни за потенцијалните партнери.
Што се однесува до материјалната страна нема да имате потешкотии, дури и ќе успеете да заштедите сепак, однесувајќи се помалку „скржаво”.
Денес можете да ги разгледате деталите за организирање патување, движење или каква било промена во вашиот секојдневен живот.
Немате потреба за грижи, но внимавајте на телесната тежина.
Шкорпија
Љубовниот живот ќе ви биде меѓу среќа и опасност, а секако очекувајте случајна средба.
Во работата следете ја вашата интуиција: време е да се осмелите, а може да склучите одлични договори.
Ќе сфатите дека дури и негативните настани може да бидат корисни. Тие не учат на лекции кои не можеме да ги научиме на друг начин.
Добро би било ако се насочите кон здрава исхрана.
Стрелец
Бидете чувствителни кон другите и направете компромиси тогаш кога е потребно. Денот ви носи ситуации кога ќе можете подобро да ја разберете својата емоционална страна и да ги видете работите во подобро светло.
Оние кои се плашат од губење на своите работни места ќе излезат од кризата и ќе се ослободат од стравот.
Разговарајте со со член на вашето семејство за вашите планови за идните промени – најдобро е да одлучувате заедно како да постапувате.
Психофизичката форма ќе ви биде на врвот во текот на целиот ден.
Јарец
Роднините или пријателите може да ве запознаат со посебна личност за која лесно би рекле „да” на секоја покана.
На работа ќе бидете поефикасни од било кога, секоја цел ќе може да се постигне. Оттука, не е исклучена промена на работното место ниту трансфер на поодговорна задача.
Оптимизмот ви недостигаше во подолг период, кога почнувавте дури и да се сомневате во своите способности и во работите дали воопшто правилно ги правите.
Внимавајте на исхраната. Одлучете се да прекинете со навиките кои му штетат на здравјето.
Водолија
Веројатно малку ќе ви здосади љубовта или барањата на другата страна. Партнерот нема вас најдобро да ве разбере, но обидете се да му објасните како се чувствувате.
Ќе имате ситуации кога ќе се чувствувате сами и како сите да ви свртеле грб, но сепак и тоа ќе го надминете.
Денес денот ќе ви биде исполнет со позитивни ракции од членовите на семејството.
Динамични сте и не ве држи место. Бидејќи не можете да мирувате, досадно ви е и постојано сакате забава. Но, тоа влијае на вашето здравје.
Риби
Ако ви недостига љубов или сте од неодамна разделени, првото нешто што треба да го направите е да не размислувате за минатото.
Во вечерните часови, одморете добро, ќе ви треба.
Не игонорирајте ги пријателите, поканете ги на ручек и разговарајте за интересни работи.
Ќе бидете во постојано движење и ќе се занимавате со спортско рекреативни активности, а тоа позитивно ќе влијае на вашиот имунитет