ХАОС: Не работат банкомати – пост терминалите и онлајн плаќањето вон функција!

Во моментов се случува хаос низ Македонија.

Имено, НЛБ банка попладнево информираше дека нивната ATM мрежа моментално се соочува со технички проблем и како резултат на ова, подигнувањето готовина од банкоматите е привремено оневозможено.

Но, се чини дека ова не е единствената банка која има проблеми.

4news.mk јавува дека банкоматите, пост терминалите, како и онлајн плаќањето и на останатите банки во моментов се целосно вон функција.

Според неофицијални информации на 4news.mk станува збор за проблем на целиот Балкан со картиците на Visa и Mastercard.

Засега не е познато поради што е настанат овој проблем.