AEGEAN, грчкиот национален авиопревозник и член на STAR ALLIANCE, ќе воведе нова авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, од 2-ри октомври годинава, најавуваат од ТАВ Аеродроми.
AEGEAN ќе почне да лета меѓу двата главни града од 2-ри октомври 2023 година, со воздухоплов ATR72-600, со три лета неделно, или секој понеделник, среда и петок.
„Среќни сме да објавиме и да ѝ честитаме на Aegean за одлуката да започне лет од Скопје до Сараево, од октомври оваа година, и да обезбеди одлична регионална поврзаност, од Атина на југ, преку Скопје, до Сараево на север. Балканот. Ова воздушно поврзување во исто време означува значајна пресвртница во нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на можностите за авио патување за нашите ценети патници“, рече Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
„Оваа рута го означува и нашето враќање во БиХ по предизвиците наметнати од пандемијата на коронавирус и не би можеле да бидеме повозбудени да се поврземе со нашите ценети патници во овој регион. Од октомври, патниците од Скопје ќе имаат зголемена можност за поврзување преку центар на Атина до дестинации низ Грција, Европа и Блискиот Исток. Овој развој нуди можности за патниците да истражуваат и искусуваат различни дестинации со високи стандарди на удобност и сигурност по кои е познат „Aegean““, рече Роланд Јаги, главен комерцијален директор на грчката авиокомпанија.