Левски ги предупреди своите навивачи: Однесувајте се коректно, навивајте без навреди

Управата на составот од Софија денеска испрати нов апел до своите следбеници, за тоа како да се однесуваат на арената „Тодор Проески“ за да не дојдат во било какви проблеми.

„Почитувани фанови, ве повикуваме да ја поддржите вашата омилена екипа против Шкупи, кој е про-албански тим, без манифестации на расизам и ксенофобија. Покрај тоа што ваквите постапки можат да донесат строги казни од УЕФА, нашиот клуб начелно ги осудува и прогласува нетрпеливост кон ваквите, па дури и изолирани постапки на единици на наши симпатизери. Организаторите на натпреварот забрануваат внесување на монети, запалки и тврди предмети. Потсетуваме дека употребата на пиротехнички средства за време на натпреварот ќе донесе високи казни за клубот“, се вели во соопштението на Левски.

На бугарските медиуми вчера им беа забавни пишувањето дека популарните „левскари“ доаѓаат во Скопје да го палат македонското знаме, како и за опомената која ја добија да не носат ладно оружје (ножеби, боксирачи…) бидејќи тие ќе им бидат одземени од македонската полиција. Овој текст прочитајте го ТУКА.