Златен прстен на Тупак продаден за милион долари

Прстен од злато, со рубини и дијаманти, што рап-легендата Тупак Шакур го носел на неговото последно јавно појавување, беше продаден за милион долари на аукција во Њујорк вчера. Победничката понуда беше многу над проценката на „Сотби’с“ пред продажба што се движеше меѓу 200.000 и 300.000 долари. Со ова, предметот стана највредниот хип-хоп артефакт некогаш продаден, соопшти аукциската куќа.

Раперот роден во Њујорк го носел прстенот во текот на неговото последно појавување во јавноста на доделувањето на видеомузичките Ем-ти-ви награди на 4 септември 1996 година.