Целосно е изгаснат пожарот што ноќеска избувнал во објект на улицата „Боро Хаџиески – Путе“, во близина на црквата Света Петка во Струга.
Командирот на територијалната против пожарна единица од Струга Фети Мазари, информира дека пожарот бил пријавен во 2.55 часот и, а пет минути подоцна нивни екипи биле на терен.
– Интервениравме со четири против пожарни возила и 10 пожарникари и во 7 часот утрово пожарот беше локализиран, а во 11 часот и 15 минути целосно ликвидиран. Заафатени беа повеќе објекти и предизвикана е голема материјална штета, изјави Мазари за МИА.
СВР Охрид соопшти дека во Струшката полиција во 3 часот утрово било пријавено дека настанал пожар во сендвичара сопственост на Б.И. од Лабуништа.