Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, комерцијалните сателитски снимки покажуваат дека Северна Кореја се подготвува за воена парада на плоштадот Ким Ил Сунг во Пјонгјанг.
На комеморацијата на овој настан ќе присуствуваат кинески претставници и руска воена делегација, предводена од министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Руската делегација предводена од министерот за одбрана Сергеј Шојгу пристигна во Северна Кореја, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во Пјонгјанг разговараше за зајакнување на одбранбената соработка со началникот на одделот за одбрана на Северна Кореја, армискиот генерал Канг Сун Нам.
– Убеден сум дека денешните разговори ќе помогнат да се зајакне соработката меѓу нашите одбранбени оддели, истакна Шојгу.
Тој додаде дека Русија планира доследно да ги развива односите со Северна Кореја во сите области.
Северна Кореја и Русија имаат заедничка граница – 17 километри на копно и 22 километри на море и богата историја на соработка.