При масовно насукување на плажа во западна Австралија, угинаа повеќе од 50 китови. Тие се дел од групата од околу 100 пилот китови, неодамна забележани пред Чејни бич во близина на градот Елбани. Во трка со времето, спасувачи се обидуваат да им помогнат на уште живите морски цицачи и да ги транспортираат назад во морето, како што соопшти локалната организација за заштита на природната средина, „Парк вајлд лајф сервис“.
Китовите во вторникот, собрани во група и тесно збиени, со часови останале на сто метри од брегот, што е цеосно невообичаено однесување. Подоцна голем дел од групата китови почнале да заринкуваат источно од градот Елбани. Локалните власти побараа од граѓаните и љубопитниците да останат настрана од плажата за да не се изложуваат на опасност.
„За жал, 51 кит угина во текот на ноќта по масовно насукување“, соопшти Службата за паркови и диви животни на Западна Австралија.
„Заедно со регистрирани волонтери и други организации, се обидуваме да ги вратиме преостанатите 46 китови во подлабоките води во текот на денот“, додаваат тие. Китовите се познати по своите силни социјални врски, па кога еден од нив ќе се најде во неволја, другите обично го следат.