Заловувачкиот тим на ЈП Лајка од денеска до 28 јули ќе започне со стратешко заловување кучиња во општина Ѓорче Петров, поточно, во реоните: Ѓорче Петров, Ѓорче 2, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука.
Од ЈП Лајка информираат дека заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овие реони, а го нема поминато хуманиот третман.
Од почетокот на 2023 досега имаме удомено 115 кучиња. Мораме да им се заблагодариме и на активистите и на здруженијата кои несебично помагаат и на дел од овие кучиња им имаат најдено дом, па се надеваме дека оваа година ќе ја надминеме рекордната бројка на удомување од 2022 година, споделуваат од „Лајка“
Нивни главни цели се намалување на бројот на бездомни кучиња, третман и грижа на бездомните кучиња и инцијатива за удомување на бездомните кучиња со цел да се намали нивниот број.
– 2022 година ја заокруживме со рекордна бројка од 365 удомени кучиња од ЈП „Лајка“, што значи дека секој ден се удомило по едно куче. Од почетокот на 2023 досега имаме удомено 115 кучиња. Мораме да им се заблагодариме и на активистите и здруженијата кои несебично помагаат и на дел од овие кучиња им имаат најдено дом, па се надеваме дека оваа година ќе ја надминеме рекордната бројка на удомување од 2022 година – ни споделија од „Лајка“.