Во 2. коло од Лига купот на Северна и Централна Америка, Интер Мајами стигна до втората победа.
Лионел Меси првпат беше стартер во дресот на Интер Мајами и успеа да постигне два гола за неговата нова екипа уште до 22. минута.
Американскиот тим повторно играше во Лигс купот, овојпат против Атланта и победи со убедливи 4:0, а Меси ги воодушеви фановите со својот придонес на теренот.
Аргентинецот реализираше уште во 8. минута по одличната асистенција на Серхио Бускетс, за во 22. минута да донесе предност од 2:0 и да го најави победникот.