Синот на Леброн завршил во болница – срцето престанало да му чука!

Ова е една од најитните состојби во медицината и бара брза дијагноза и брз третман, бидејќи времето за преживување од моментот на срцев удар до започнување на мерките за реанимација е многу ограничено и се изразува во секунди. Докажано е дека доколку реанимацијата не се почне во рок од четири минути од прекинот на циркулацијата, доаѓа до неповратно оштетување на мозокот, но за среќа брзата реакција на медицинскиот персонал на тимот на Универзитетот во Јужна Калифорнија го спречило најлошото.

„Брони Џејмс на вчерашниот тренинг доживеа акутен срцев удар. Медицинскиот персонал мораше да реагира и да го однесе во болница. Тој сега е во стабилна состојба и повеќе не е на одделението за интензивна нега. Бараме сите да ја почитуваат приватноста на семејството Џејмс и ќе ги ажурираме медиумите на оваа тема веднаш штом ќе стане достапна. Леброн и (сопругата) Савана би сакале јавно да им се заблагодарат на медицинскиот персонал и тренерскиот персонал на Универзитетот во Јужна Калифорнија за нивната неверојатна работа и посветеност да ги зачуваат спортистите безбедни“, се вели во соопштението на семејството на „Кралот Џејмс“.