Ѓоковиќ со својата јахта се релаксира по Јадранско Море

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ од Црна Гора замина во Хрватска каде привлече големо внимание, а уживаше во својата јахта на која и даде многу важно име во животот.

Како што можете да видите на сликите, јахтата се вика Тара, што е и името на неговата ќерка .

Новак вплови во пристаништето Груж во Дубровник. Во тој дел на хрватскиот град има голем број многу скапи јахти, така што и Ѓоковиќ стана дел од таа прекрасна галаксија на пловни објекти.

Веднаш по Вимблдон каде не успеа да го одбрани трофејот, во финалето беше поразен од младиот Карлос Алкараз, соопшти дека нема да настапи на Мастерсот во Канада, туку дека ќе се подготвува за претстојниот УС Опен во Синсинати.