Инспекција во нуклеарката Запорожје

Enerhodar, Zapororiz'ka oblast, Ukraine - 08-03-2021: Nuclear Power Plant. Ecology.

Операторот на украинската нуклеарна централа Запорожје исклучил два реактори поради работи на одржување, соопшти денеска раководството на нуклеарната централа, која е под руска контрола. Руските сили ја зазедоа најголемата нуклеарна централа во Европа во март 2022 година.

Меѓународнаата агенција за атомска енергија (МААЕ – IAEA) од минатата година спроведува редовни инспекции во нуклеарката Запорожје и настојвуа да воспостави безбедносен механизам за да спречи можни несреќи. Сега нејзините инспектори кои се наоѓаат во централата „забележале“ мини во тампон зоната меѓу двете страни, но како и во досегашните извештаи не наведуваат децидно која од завојуваните страни ја загрозува безбедноста на централата.

Според МААЕ, еден од шесте реактори – блокот 4, мора постојано да биде држан во ткн „жежок“ режим на гаснење за и натаму да ја произведува пареата неопходна за нуклеарната безбедност, вклучително и преработка на течниот радиоактивен отпад во цистерните за скалдирање.

„За да се изврши редовен технички преглед на опремата во блок 5, менаџментот одлучи тој блок да се префрли на режим на „ладно“ исклучување, но за да се обезбеди пареа за потребите на електраната, реакторот од блокот 4 е во режим на „топло“ исклучување“, објавија руските власти на Телеграм.