Рамос се сели кај Меси во Интер Мајами?

Иако се нагласуваше дека Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, сепак се чини дека следна негова дестинација ќе биде Интер Мајами во МЛС лигата.

Шпанскиот дефанзивец во летото 2021 година од Реал пристигна во ПСЖ, од каде сега си замина и тоа во ист период кога од клубот замина и Лионел Меси.

Рамос сакаше да се врати во Севилја, но шпанската екипа соопшти дека нема потреба од неговите услуги, па затоа Шпанецот си ја бара среќата на друго место.