МКЦ не заборава: Настан по повод 60 години од земјотресот во Скопје

Тој фатален скопски ден, далечната 1963 покажа дека Скопје е кревок град. Оттогаш, со секој изминат ден Скопје се сеќава на трагедијата која го зафати нашиот град, но и на силниот светски наплив на солидарност кој го издигна Скопје во бастион на хуманизмот и обновата.

По тој повод, на 26-ти јули (среда), во 21 часот, Младинскиот културен центар како институција која е дел од проектот за издигнување на пост-земјотресно Скопје, со пригодна програма ќе го одбележи 60 годишниот јубилеј од кобниот настан.

Музичка програма

Pedro Horisonte
Луфтанза
Baklava + промоција на албум “За Скопје со љубов”
Почеток: 21 часот
Локација: парк МКЦ
Влез: Бесплатен

Филмска програма 

Скопје Ремикс [2012]
Почеток: 00:00 часот
Локација: парк МКЦ
Влез: Бесплатен

Изложба на фотографии 

“Попатни одблесоци”
од Ристо Костовски
Галерија МКЦ
20:00

Детска ликовна работилница 

“Моето Скопје: илустрирајќи го градот од соништата” со Доротеј Нешовски
Парк МКЦ
18:00

Изложба на фотографии

„Бетонско Скопје”, на Филип Конески и Борис Јуримовски
Галерија 2 МКЦ
20:30