Маргот Роби заработи неверојатни 12,5 долари за улогата во „Барби“

Margot Robbie

Филмот „Барби“ веќе заработи 22,3 милиони на американскиот бокс офис, а се очекува во првата недела од прикажувањето филмот да ја надмине цифрата од 100 милиони долари.

Според извештајот на Variety, Роби добилa неверојатни 12,5 милиони долари за улогата на Барби. Тоа е сума за која се верува дека ја прави најплатена актерка во 2022 година.

Филмот за најпознатата кукла на светот заработи 155 милиони долари на американските киноблагајни изминатиов викенд. Медиумите потсетуваат дека претпремиерата во четвртокот го надмина претходниот рекорд за претпремиери од 17,5 милиони долари, што го држеше „Чувари на галкасијата 3“ (Guardians of the Galaxy Vol.3).