Илон Маск го откри новото црно-бело X лого кое ќе ја замени сината птица

SAN FRANCISCO, CALIFORNIA - JANUARY 24: Tesla CEO Elon Musk leaves the Phillip Burton Federal Building on January 24, 2023 in San Francisco, California. Musk testified at a trial regarding a lawsuit that has investors suing Tesla and Musk over his August 2018 tweets saying he was taking Tesla private with funding that he had secured. The tweet was found to be false and cost shareholders billions of dollars when Tesla's stock price began to fluctuate wildly allegedly based on the tweet. (Photo by Justin Sullivan/Getty Images)

Новиот дизајн на логото за Твитер, бела буква „Икс“ (Х), доаѓа откако сопственикот на Твитер, Илон Маск, изјави дека сака да се „ослободи“ од логото на сината птица. Интернет-адресата на социјалната мрежа сè уште е twitter.com, но наскоро треба да се смени во x.com. Објавите на социјалната мрежа, пак, наместо „твитови“ сега ќе се нарекуваат „иксови“

Препознатливата сина птица, која од 2006 година беше заштитен знак на Твитер, заминува во историјата. Култното лого со сина сина птица, кое беше инспирирано од името на платформата, а симболизираше слобода и комуникација, сега е заменета со ново лого.

Новиот дизајн на логото за Твитер, бела буква „Икс“ (Х) на црна заднина беше претставен од страна на извршниот директор на компанијата откако сопственикот на компанијата Илон Маск изјави дека сака да се „ослободи“ од логото на сината птица.

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, вчера објави дека познатата птица од логото ќе ја замени со буквата „Икс“ (Х), како дел од ребрендирањето на платформата. Тој најави дека промената ќе се случи денеска.

Интернет-адресата на социјалната мрежа сè уште е twitter.com, но наскоро треба да се смени во x.com. Објавите на социјалната мрежа, пак, наместо „твитови“, сега ќе се нарекуваат „иксови“.