Малите изгореници од сонце се карактеризираат со црвено и болно затегнување на кожата кое се појавува неколку часа по изложувањето на сонце. Во текот на следните 24 часа болката и црвенилото се поизразени, а по неколку дена кожата може да почне да се лупи. Во продолжение прочитајте кои домашни лекови можат да ви помогнат да се справите со изгорениците од сонце!
Витамин Ц
Овој витамин полн со антиоксиданси ги смирува изгорениците предизвикани од УВ зрачењето, а истовремено ја подобрува еластичноста на кожата и го стимулира производството на колаген. Користете серум на база на витамин Ц или во лажичка вода или гел од алое додадете прстофат витамин Ц во прав.
Кефир
Добрите бактерии од кефирот се одличен избор за смирување на оштетената кожа, а млечната киселина нежно ги отстранува мртвите клетки. Измешајте 2 лажици кефир, 2 лажици овесна каша и 1 лажичка свежо исцеден сок од лимон. Оставете го препаратот да отстои еден час пред да го нанесете на кожата. Оставете да делува 5-10 минути и исплакнете.
Краставица
Високата содржина на вода и витамини го прави овој зеленчук одлична подмладувачка состојка за нега на сите типови кожа. Измешајте половина краставица со две лажици гел од алое и ќе добиете универзална летна помада за нега на целото тело после сончање.