Дванаесет министерства во Норвешка под сајбер напа

Дванаесет норвешки министерства беа погодени од сајбер напад, соопшти норвешката влада. Тоа е последен во серијата напади врз јавниот сектор на најголемиот европски снабдувач со гас и најсеверната членка на НАТО.

„Идентификувавме слабости во платформата на еден од нашите добавувачи. Тоа сега е решено“, рече Ерик Хоуп, шеф на владината агенција за услуги во министерството.

Нападот бил откриен на 12 јули поради „невообичаена активност“ на една од платформите, но нема попрецизни детали за нападот.

 

Хоуп изјави дека Кабинетот на премиерот, како и министерствата за надворешни работи, одбрана и правда, не се засегнати бидејќи користат различна ИТ платформа.

Јавниот сектор на Норвешка претходно беше погоден од кибер напади, вклучително и во јуни 2022 година, кога за таканаречениот напад на дистрибуирано одбивање на услугата (DDoS) беше обвинета „криминална проруска група“, а бројот на кибер напади врз норвешките министерства се зголеми за трипати меѓу 2019 и 2021 година.