Шака Хислоп колабира среде програма во живо

Поранешната англиска голманска ѕвезда, Шака Хислоп кој сега работи како фудбалски критичар за „ЕСПН“, имаше непријатен момент за времем на мечот меѓу Реал Мадрид и Милан откако падна во безсознание среде емисија.

Сѐ одеше добро додека Хислоп не почна да се клати. Томас му поставуваше прашање, кога овој очигледно почна да губи рамнотежа и се заниша прво нанапред, па назад и потоа се струполи пред својот колега и пред очите на јавноста. Се разбира, Томас се потресе и викна по него, а потоа побара помош.