Со најзвучното засилување ова лето, Англичанецот Џуд Белингам во стартните 11, „кралскиот тим“ лошо го отвори дуелот и си заработи негатива од 0-2 по првото полувреме. Фикајо Томори погоди за 1-0, а аргентинскиот тинејџер Лука Ромеро, кој дојде од Лацио минатиот месец зголеми на 2-0.
Сепак, во вториот дел Реал направи пресврт, прво со два гола на Валверде во 57. и 59. минута, а потоа во 84., Модриќ направи една генијална асистенција и му овозможи на Винисиус да погоди за победа.
Ова беше прв пријателски меч за Реал, но не и за Милан, кој веќе имаше тестирано во Италија, против нисколигашот Лумеѕане (7-0), сепак тоа претставува тренинг меч во однос на овој дуел. Реал следно игра против Манчестер јунајтед, ноќта среда кон четврток, а Милан против Јувентус, в петок наутро.
