(ВИДЕО) Погледнете го најголемиот загадувач на воздухот во Кичево

Изминативе неколку месеци Кичево стана најзагаден град во Македонија но и во Европа. Навистина е жално и тешко за верување како еден град кој беше најчист во Македонија стана најзагаден.
Трагајќи по причините за загадувањето може да се констатира дека негрижата во работењето на РЕК Осломеј го направи Кичево најзагаден град.
Имено последниве неколку месеци поради негрижа, ископаниот јаглен кој го чуваат на депонија е запален и го прави најголемото досега загадување во овој крај.
Од видеото може да се види чадот кој е од запалениот јаглен директно го загадува Кичево, но секако најголема штета прави на работниците кои работат тука.
Вработените во РЕК Осломеј периодов, секојдневно се жалат на проблеми со дишењето, печење во очите и други здравствени проблеми кои ги предизвикува загадениот воздух од запалениот јаглен.

Јагленот е еден од најголемите загадувачи на воздухот, чадот од согорен јаглен е полн со канцерогени ПМ10 честички.

После ова видео, се надеваме дека надлежните институции ќе превземат соодветни мерки, за да ги заштитат, како вработените, така и граѓаните на Кичево од енормното загадување од страна на РЕК Осломеј.

 

(ВИДЕО) Најзагадено вчера во Кичево