ПСЖ ја одреди цената за Мбапе

ПСЖ го стави Мбапе на трансфер-листата, а „Л’Екип“ објави дека цената која ја бара тимот за негов трансфер е 150 милиони евра.

Во изминатиот период се шпекулираше за различни суми, но сè уште нема конкретни понуди за Французинот од ниту еден клуб, иако веќе пет екипи се заинтересирани за неговиот потпис.

Иако француската ѕвезда не сака да го напушти Париз ова лето, клубот се надева дека ќе го убеди на трансфер. Поради тоа и го остави надвор од тимот, кој замина на претсезона во Азија.

„Марка“ објави список од пет клуба кои го посакуваат Мбапе. Тоа се Реал Мадрид, Челси, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Ал-Хилал.