Германија има недостиг од 65.000 работници

ерманија во моментов има недостиг од над 65.000 работници за хотели и ресторани, според здружението на туристичката индустрија Дехога.

„Според месечните истражувања на Дехога, недостигот на вработени е постојано еден од најголемите предизвици за бизнисите“, велат од здружението за ДПА. „Федералната агенција за вработување објави 33.160 слободни работни места во угостителската индустрија за јуни. Сепак, претпоставуваме дека вистинската побарувачка е најмалку двојно поголема, бидејќи многу бизниси повеќе не ги пријавуваат своите слободни работни места во агенциите за вработување или центрите за вработување“, рече експертот за пазарот на труд од Дехога, Сандра Варден.

Варден укажа на бројките од јуни 2019, кога имало пријавени речиси 40.000 слободни работни места.

-Како што знаеме, оттогаш проблемот се влоши. Особено сега во сезоната на одмори и зголемен интерес за туристичките дестинации, потребата продолжува да расте – истакна Варден.

Во меѓувреме, гастрономскиот бизнис се справи со ситуацијата најдобро што можеше.

-Има установи кои поради недостиг од работници се принудени да го скратат работното време, да затвораат во одредени денови или да ја ограничат понудата на менито. Некои ресторани почнаа да воведуваат повеќе самопослужување – додаде таа.

„Дехога“ се надева дека брзо ќе се почувствуваат ефектите од законот врз квалификуваната работна сила од странство и дека бегалците полесно ќе можат да најдат работа..

Исто така, здружението повика на кампања за обука за повеќе вештини и за поголема евалуација на практичните занимања и вештини.