Пекинг Гуан го совлада Циндао Хаиниу со 2:0 во кинескиот шампионат.
Придонес во освојувањето на бодовите имаше Аријан Адеми кој го реализира првиот гол во 51 минута.
За македонскиот репрезентативец ова е втор гол во кинеската Суперлига, првиот го имаше на 15 мај во триумфот над Нантонг Жијун (1:0).
На табелата Пекинг Гуан е на шестото место со 28 бодови, а во следното коло ќе игра против Шандонг Таишан на 30 јули на гостински терен.