Астрономи пронајдоа две планети кои делат една иста орбита околу својата ѕвезда

Eкспертите открија облак од остатоци што веројатно ја дели истата орбита со планетата и кој може да претставува: а) градбени блокови на нова планета или б) остатоци од веќе формирана планета која доживеа катастрофална судбина.

Ако ова откритие биде потврдено, тоа ќе биде досега најсилниот доказ дека две егзопланети може да делат иста орбита. Орбитата на планетата е патека по која таа се движи околу својата матична ѕвезда. Често велиме дека планетата кружи околу неа, но орбитата обично е во форма на елипса.

„Пред две децении, теоретски беше предвидено дека парови на планети со слична маса би можеле да ја делат истата орбита околу ѕвездата, односно дека постојат таканаречени тројански или коорбитални планети.

Научниците велат дека ќе мора да почекаат до 2026 година за успешно да ги следат двата објекти околу ѕвездата позната како PDS 70.

Водечкиот автор од Центарот за астробиологија во Мадрид, Олга Балсалобре Руза, вели дека наодите, кои се објавени во списанието Astronomy and Astrophysics, се првиот доказ дека може да постојат такви дупли светови.