Во врска со најавата на премиерот Заев за можно одложување на изборите доколку не се донесат законите за кои, како што рече тој значеле живот за граѓаните, ставот на ВМРО ДПМНЕ, како што истакна генералниот секретар на партијата е дека веројатно човекот го фаќа паника и едноставно од немање на друг маневар се обидува на секој можен начин да проба да ги одложи изборите.
-Избори ќе има. Изборите се договорени од сите политички субјекти на лидерската средба кај Пендаровски, и од тоа нема бегање. Имаа три години да буквално ги донесат сите закони кои што сметаат дека ќе бидат од бенефит на граѓаните и од бенефит на Република Македонија, меѓутоа тоа не го направија, напротив една шајка не успеаја да заковаат овие три години немаат буквално еден проект кој што го реализираа. Единствено ги кочеа оние проекти кои што ги наследија станува збор за убедливо најнеспособната влада во историјата на државата и со сите тие работи кои ги имате на памет единствено логично е да пробаат да бегаат од избори но тоа нема да се дозволи избори на 12 Април ќе има, изјави Јанушев.
Заев: Изборите може да се одложат ако не се донесат суштинските закони