КРИМИНАЛЦИ СО ПУШКИ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ГРАЃАНИ И УБИВААТ ЖИВОТНИ ВО ПАРКОТ НА ПРИРОДАТА ГАЗИ БАБА❗️
До ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД стигнаа информации дека веќе подолг период во паркот на природата има случаи на криволов!
Граѓаните кои нѐ контактираа се пожалија дека кога се обиделе на лице место да интервенираат добиле закани од лица со огнено оружје, а кога сакале да пријават, нивните пријави не завршиле со никакви апсења или казни‼️
За паркот на природата Гази Баба се грижи чуварска служба од ЈП Паркови и зеленило. На вчерашната седница ги поставивме следните прашања, но не добивме одговор:
Дали чуварската служба е информирана за овие кривични дела?
Дали досега постапила некако?
Дали побарала асистенција од #МВР со оглед дека се работи за вооружени лица?!
Советот вчера ја усвои Програмата за паркот на природата #ГазиБаба за 2023 г., но во документот недостасуваат клучни активности и индикатори особено од аспект на предвиден инспекциски надзор и заедничко делување со централната власт за да се спречат тешки кривични дела.
#ЗХГ ги поднесе сите свои забелешки до Секторот за заштита на животната средина и природата на #ГрадСкопје. Очекуваме во најкус можен рок забелешките да се инкорпорираат.