ПСЖ го објави списокот на фудбалери кои ќе учествуваат на подготовките за новата сезона во Јапонија, а на него го нема Килијан Мбапе со што францускиот шампион му ги отвори вратите на 24-годишникот за заминување од клубот.
Младиот голгетер јасно стави дознаење дека нема намера да го продолжи договорот со тимот од главниот град на Франција по сезоната 2023/24, а „светците“ не сакаат да дозволат негово заминување без обесштетување па напаѓачот кој претходната сезона реализираше 41 гол е ставен на трансфер листата.
ПСЖ не сака ни да размислува за можноста да остане без таков играч и да не добие отштета за него. Затоа, раководството на клубот донесе конечна одлука дека Мбапе отсега и дефинитивно е на продажба. ПСЖ се обидува да испрати порака дека ниту еден играч не е над клубот.
Се очекува многу клубови да контактираат со парижаните за Мбапе, а најконкретни досега беа релациите со Реал Мадрид. Мбапе е во ПСЖ од 2017 година, кој за него на Монако му плати 180 милиони евра.
