Силно невреме во Италија, падна град со големина на тениско топче

Нова силна бура преку Италија пристигна во Словенија. Италијанските медиуми јавуваат за последиците од силното невреме кое го зафати северниот дел на Ломбардија.

Како што пренесоа италијанските медиуми, на места паднал град со големина на тениски топчиња. „Кориере дела Сера“ вели дека мразот бил со дијаметар од 7 до 8 сантиметри. Во Ломбардија се особено погодени градовите Монтебелуна, Корнуда, Крочета дел Монтело и Педероб.

Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од град со големина на тениски топчиња, а помало торнадо е забележано на североистокот на Милано.