Заев: Изборите може да се одложат ако не се донесат суштинските закони

– Сто пати сум кажал досега дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност пред се граѓанска и политичка е да не дозволиме било што да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со 120-те закони што се на дневен ред на собраниската седница.

На прес-конференцијата во Владата, Заев рече дека нема да им го дозволат тоа на сите оние што се обидуваат да опструираат, но апелираше и до парламентарното мнозинство да биде во собраниските клупи за навремено да се донесат суштинските закони.

Тој додаде дека секој ден следи што се случува во Парламентот и оти одговорност имаат сите и пратениците и Владата и локалните самоуправи.