Индија го забрани извозот на ориз

Од 20 јули е забранет извозот на бел и скршен ориз, со исклучок на сортата басмати, соопшти Министерството за храна, додавајќи дека забраната не го опфаќа ниту „делумно варениот“ ориз.

Со тоа, приближно. Ќе бидат преполовени испораките на таа житарка од Индија, која е нејзин најголем светски извозник.

Тоа предизвика стравови од понатамошна нестабилност на светските пазари на храна, пренесува Танјуг.

Владата во Њу Делхи соопшти дека вовела забрана на извозот на белиот ориз откако малопродажните цени на оваа житарка пораснале три отсто за еден месец, бидејќи доцните, но силни монсунски дождови нанеле голема штета на посевите.

Индија покрива повеќе од 40 отсто од светскиот извоз на ориз, а ниските залихи на другите извозници значат дека какво било намалување на испораките може да ги напумпа цените на храната, кои веќе се кренати од војната во Украина и нестабилното време.