Зоран Заев и Оливер Спасовски ја злоупотребуваат својата положба и се обидуваат да му ги скратат овластувањата на техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ кој треба да дојде за 10 дена.
Власта врши предизборна злоупотреба и на само 10 дена пред техничката влада изврши промена на систематизацијата во МВР, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Со новата систематизација се зголемува старешинскиот кадар, факт кој што е проблематизиран и од ЕУ. Зоран Заев и Оливер Спасовски заради заситување на некои лични партиски апетити, како што кажа Ѓорѓиевски, ќе ја жртвуваат Македонија да трпи критика од ЕУ.
Според новата систематизација која што стапи на сила вчера секаде се објавени интерни огласи со траење од само два дена за пријавување. Со тоа се врши чиста партизација во очи на избори по брза постапка, изјави тој.
Според Ѓорѓиевски, станува збор за луѓе од списокот на Зоран Заев и Оливер Спасовски кои што ќе бидат по партиска директива дирегирани на места во министерството за внатрешни работи и ќе имаат се со цел да го стопираат процесот кој што треба да го изврши министерот технички од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. А, знаеме дека техничкиот министер е единствено задолжен за да спроведе фер и демократски избори. Напоредно на сето тоа значи на секој му е јасно во Република Македонија која е намерата и целта на Зоран Заев и Оливер Спасовски да во Република Македонија нема фер и демократски избори, рече Ѓорѓиевски.
Заев и Спасовски ја укинаа и единицата „Алфа“ и воведуваат нови единици за внатрешни работи. Заев и Спасовски му ја сечат контролата што треба да ја има техничкиот министер и постапката на процесуирање на информации целосно ја развлекуваат.
Заев и Спасовски прават се само за да ја забават правдата и да го отежнат патот кон демократијата.