21,9 проценти од населението во Македонија се сиромашни

Државниот завод за статистика вчера ги објави податоците за степенот на сиромаштија во државава за 2018 година.

Државниот завод за статистика врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за 2018 година.

Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход.
Според податоците, во 2018 година, стапката на сиромашни лица во Република  Македонија изнесуваше 21.9.%.
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2018 година е 22.0 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8.8 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.9 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31.9 %.

Целиот извештај на ДЗС тука.