Бразилскиот фудбалер Нејмар од следната сезона сигурно ќе игра во ПСЖ, без разлика дали тоа ќе им допадне на навивачите или не. Најголемата ѕвезда на бразилскиот фудбал во моментов од февруари се мачи со повреда на скочниот зглоб. поради која долго време беше надвор од терените, а сега конечно се врати иако е свесен дека се уште не е 100% подготвен.
„Повредата што ја имам е многу сериозна. Ме мачи и ме „убива“ многу долго. Чувствувате болка, фрустрирани сте и не можете да го правите она што најмногу го сакате – да играте фудбал. Сега, за среќа, сум подобар, но сепак на можеби, 70% од моите можности.Мојата дефинитивна одлука е дека, и покрај понудите од Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија, следната сезона ќе играм за ПСЖ. Сакам да освојувам трофеи и да победувам. Знам дека навивачите не ме сакаат, но што да правам. Без разлика дали ќе им се допадне или не, ќе бидам таму следната сезона“, рече Бразилецот.
ПСЖ во новата сезона во своите редовите нема да располага со Лионел Меси, кој замина во Мајами, а засега сè уште не е позната иднината на Килијан Мбапе.