Шведската амбасада во Багдад е запалена денеска, рано наутро, за време на демонстрациите организирани од приврзаниците на верскиот лидер Моктада Садр, пренесе агенцијата Франс прес. Инцидентот се случил пред протестите во Шведска, каде што било планирано да се запали копија од Куранот.
Полициски сили биле распоредени пред зградата, и со водени топови избркале неколку десетици демонстранти.
Шведското Министерство за надворешни работи соопшти дека персоналот на амбасадата е безбеден.
Во текот на ноќта, некои демонстранти во близина на шведската амбасада мавале со копии од Куранот, други со портретите на Мохамед ал-Садр, влијателниот шиитски свештеник и татко на Моктада Садр.
Ирачкото Министерство за надворешни работи го осуди палењето на шведската амбасада во Багдад, повикувајќи ги безбедносните сили да започнат „итна истрага“.
– Ирачката влада им нареди на надлежните безбедносни служби да спроведат итна истрага и да ги преземат сите неопходни мерки за расветлување на околностите на инцидентот и откривање на сторителите со цел да се изведат пред лицето на правдата – се вели во соопштението.
Салван Момика веќе запали неколку страници од копија од Куранот на 28 јуни пред најголемата џамија во Стокхолм за време на Курбан Бајрам.
Swedish Embassy In Bagdad Set On Fire pic.twitter.com/VaSLIPWxSF
— Ann (@WTFoxtrot10) July 20, 2023