Прогласена вонредна состојба во Сремска Митровица!

Силниот ветер корнеше дрвја и урна покриви.

Штетите се големи. Според неофицијални информации, силно невреме однело сплав на кој се наоѓа ресторан.

Според очевидци, сплавот, како и чамците од пристаништето ги однесе водата откако се откачиле заштитните кабли.

Во Сремска Митровица денеска се одржа состанок на Штабот за вонредни ситуации поради последиците од невремето. Причинета е голема материјална штета, како на домаќинствата, така и на јавните институции, па утринава во осум часот во тој град е прогласена вонредна состојба.

Беше проценета состојбата, поднесени се извештаите на јавните претпријатија и другите учесници во функционирањето на централата, а екипите веќе беа на терен кога започна невремето.