Четири лица загинаа во Загреб, додека пак десетици се повредени. Железничкиот сообраќај е во прекин на повеќе делници.
Неверојатни сцени од местото каде што падна кран: Работник го преживеа падот во кабината, но од тежината на конструкцијата беше пробиен асфалтот на улицата. Работникот среќа бил извлечен жив и пренесен во болница.
Невреме пропратено со силен ветер и дожд со грмежи ја погодија синоќа и Србија. Делови од Војводина и Белград останаа без струја, а невремето предизвика штети на повеќе места. Аеродромот „Никола Тесла“ беше привремено затворен. Големото невреме, предизвика потешкотии во функционирањето на железничкиот сообраќај на некои делници. Во Белград силен ветер собори дрвја, а без струја останаа одредени делови од градот.
Во Босна и Херцеговина едно лице загина, аеродромот во Бања Лука е затворен ветерот во Брчко корнел дрвја, кршел гранки, оштетил неколку автомобили, а се случиле и два пожари.